Најважната европска автомобилска награда „Best Buy Car of Europe 2025“ и припадна на третата генерација на DACIA DUSTER. Тоа е вториот модел на автомобил кој ја освоил два пати престижната награда во 24 годишната историја на AUTOBEST. На ова доделување ќе биде присутен и новиот член на жирито Витолдас Милиус што ја претставува Литванија што е проширување на жирито во 32 европски земји.
Покрај тоа, ECOBEST Challenge за 2025 година треба да се одржи од 26 до 28 мај во близина на Ваирано, Италија, полигонот на италијанската автомобилска библија Quattroruote, која е техничкиот партнер на во овој потфат. Оваа година, AUTOBEST е возбуден да објави ново партнерство, чии детали ќе бидат обелоденети подоцна. ECOBEST Challenge е сертифициран од БИРО ВЕРИТАС за трет последователна година, што е глобално признание за иновативната и конзистентна методологија.
Претходното 23-то издание на гала на наградите AUTOBEST се одржа минатата година во срцето на Луксембург, во престижното одморалиште Leweck. Во текот на две децении, AUTOBEST Гала наградите станаа клучниот настан на автомобилски календар, со уметничка содржина од светска класа и уникатно. Други награди што ќе бидат доделени за време на Галата се:
COMPANYBEST 2025: BYD
MANBEST Куќа на славните: Арнауд Белони, CMO на Renault
SPORTBEST Куќа на славните: Валтер Рорл
DESIGNBEST Куќа на славните: Стефан Сиелаф, главен дизајнерски директор на групацијата Geely
ECOBEST 2025: Renault 5
TECHNOBEST 2025: AUROBAY Hybrid system technology
SMARTBEST 2025: ChatGPT на Stellantis DS, Peugeot, Opel
SAFETYBEST: CYBEX воздушно перниче за автомобилско седиште
AUTOBEST, исто така, за прв пат во историјата доделува сосема нова награда „ЅВЕЗДА СЕ ВРАТИ“.
Таа е доделена на LANCIA за извонредниот камбек на легендарниот италијански бренд.
Renault 5 и Renault 4 ја добиваат и наградата „ЅВЕЗДА СЕ ВРАТИ“ за извонредно оживување на двата иконски модели во модерна интерпретација.